ЗА GENEKOR
Shaping Science, Improving Lives
GeneKor Medical S.A. е специјализирана за развивање и примена на молекуларни и имунохистохемиски анализи за дијагностика, прогноза и управување со рак и ретки заболувања, користејќи најсовремена технологија и висока експертиза. Преку целосната посветеност во подршка на лекарите во примена на прецизна медицина во својата секојдневна пракса, овозможуваат подобрување на исходот од лекувањето на пациентите и унапредување на здравството во целина.
Главна цел на компанијата е да ја револуционизира персонализираната терапија на пациентите преку развој и обезбедување на високо сензитивни, специфични и применливи тестови во рутинската клиничка пракса на лекарите, со што значително се подобрува исходите и квалитетот на живот на пациентите.
GeneKor има развиено мрежа на лаборатории за молекуларна биологија и имунохистопатологија низ Европа и обезбедува услуги во повеќе од 50 земји ширум светот.
Клиничката експертиза на GeneKor вклучува:
- Молекуларно профилирање на тумори за персонализиран третман
- Одредување на наследни синдроми
- Фармакогеномика
- Научна поддршка и генетско советување
- Рано откривање на рак
- Дијагностика на тумори