ЗА ВАРУС

partnership through science

ВАРУС ДООЕЛ од Скопје е едно од првите приватни друштва за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабораториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала, основано во 1990 година, со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите.

Денес, ВАРУС делува на географското подрачје на Македонија, Албанија и Косово. Преку внимателни истражувања на пазарите, анализа на можностите и ограничувањата, нашата компанија и понатаму испорачува услуги и производи, кои ги надминуваат очекувањата на потрошувачите. . 

Нашата работа е водена од иновациите и откритијата на науката за животот. Придонесуваме за нивно унапредување со интелигентна и креативна примена на производите и решенијата во корист на луѓето и  животната средина. Страстни за нови знаења и копнеж за партнерства и соработка што водат кон подобрување на квалитетот на животот.

Резултат на нашата амбиција е партнерството со  Genekor Medical S.A., лидер во молекуларната дијагностика, со цел да обезбедиме најсовремени решенија во прецизната медицина. Овој стратешки сојуз е насочен кон унапредување на грижата за онколошките пациенти преку воведување иновативен пристап во дијагностиката и третманот на малигните заболувања.

Соработката ќе биде фокусирана на полето на онкологијата и ќе опфати:

• Молекуларен одговор на терапијата;
• Идентификација на наследни синдроми;
• Рано откривање на малигни заболувања;
• Фармакогеномика – геномска анализа на одговорот на фармакотерапијата;
• Научна поддршка и советување за генетски предиспозиции.