Варус и Генекор Медикал С.А. најавуваат стратешка алијанса за напредна молекуларна дијагностика во онкологијата
Варус со гордост ја најавува својата соработка со Генекор Медикал С.А., лидер во молекуларната дијагностика, со цел обезбедување напредни решенија во прецизната медицина. Оваа стратешка алијанса е фокусирана на унапредување на грижата за онколошките пациенти преку воведување иновативен пристап во дијагнозата и третманот на малигните заболувања во нашата земја.
Со воведување на најсовремени молекуларни технологии, границите на сегашните научни и клинички практики се подигнуваат на повисоко ниво Овој стратешки сојуз е насочен кон унапредување на грижата за онколошките пациенти преку воведување иновативен пристап во дијагностиката и третманот на малигните заболувања.
Во рамките на оваа соработка, Варус и Генекор Медикал С.А. ќе ги здружат своите експертизи за да:
• Го подобрат раното откривање на малигните заболувања;
• Обезбедат алатки за индивидуализиран третман;
• Испорачаат ефективни и ефикасни здравствени решенија.
Соработката ќе биде насочена кон областа на онкологијата и ќе опфати:
• Молекуларен одговор на терапијата;
• Идентификација на наследни синдроми;
• Рано откривање на малигни заболувања;
• Фармакогеномика – геномска анализа на одговорот на фармакотерапијата;
• Научна поддршка и советување за генетски предиспозиции.
Ова партнерство претставува значаен чекор напред во унапредувањето на онколошката грижа и третман, овозможувајќи пристап до најсовремени молекуларни анализи кои значително ќе придонесат за подобри здравствени исходи кај пациентите. Варус и Генекор Медикал С.А. остануваат посветени на воведување иновативни и економски одржливи здравствени решенија за