ЗА GENEKOR

Shaping Science, Improving Lives

GeneKor Medical S.A. е специјализирана за развивање и примена на молекуларни и имунохистохемиски анализи за дијагностика, прогноза и управување со рак и ретки заболувања, користејќи најсовремена технологија и висока експертиза. Преку целосната посветеност во подршка на лекарите во примена на прецизна медицина во својата секојдневна пракса, овозможуваат подобрување на исходот од лекувањето на пациентите и унапредување на здравството во целина.


Главна цел на компанијата е да ја револуционизира персонализираната терапија на пациентите преку развој и обезбедување на високо сензитивни, специфични и применливи тестови во рутинската клиничка пракса на лекарите, со што значително се подобрува исходите и квалитетот на живот на пациентите.


GeneKor има развиено мрежа на лаборатории за молекуларна биологија и имунохистопатологија низ Европа и обезбедува услуги во повеќе од 50 земји ширум светот.


Клиничката експертиза на GeneKor вклучува:

  • Молекуларно профилирање на тумори за персонализиран третман
  • Одредување на наследни синдроми
  • Фармакогеномика
  • Научна поддршка и генетско советување
  • Рано откривање на рак
  • Дијагностика на тумори